klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Три деца и жена повредени во сообраќајна несреќа

Три деца и жена повредени во сообраќајна несреќа
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 08. 2026. 10:27:20

Четири лица, меѓу кои и три деца, се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале четири автомобили и еден камион на магистралниот пат во близина на каменоломот „Прогрес 98“. Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена утрово околу 7:40 часот. Повредените се наоѓале во едно од возилата, а по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми и биле пренесени во гостиварската болница за лекарска помош. „По незгодата, три малолетни лица и една жена кои биле во едно од автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени во гостиварската болница за укажување медицинска помош“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. На местото на несреќата се врши увид, по што треба да бидат утврдени причините и околностите под кои дошло до судирот, како и висината на причинетата материјална штета. Сообраќајот на патниот правец кон Стража се одвива отежнато. Поради увидот, возилата во моментов се пропуштаат наизменично по една коловозна лента во двата правци, што предизвика создавање подолги колони кон Кичево и кон Гостивар.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti