klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска

Тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·26. 08. 2026. 13:03:08

На неделно ниво веќе има тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска - истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Кочински од Институтот за јавно здравје, кој рече дека во 33-тата недела имало пик со 11 случаи, а оттогаш во 34-тата недела бројот се намалува. - Во Драчево има јасна причинско-последична врска со земјеното прскање на критичните зони. Се надевам дека следна цел ќе биде и реката Серава бидејќи поминува низ две општини и е поврзана со случаите. Благодарение на вонредните прскања во Драчево (вкупно три), од 9 август наваму немаме нови случаи од Драчево. Со двете прскања во Гази Баба на каналскиот систем очекувам и таму жариштата да бидат ставени под контрола. Во иднина ќе треба прскањето да се одвива посистематски и во следните пет години да се префрлиме од воздушно кон таргетирано земјено прскање на ризичните зони - додаде Клековски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti