Трамп: Зеленски не е вистинската личност, со која би можеле да постигнеме договор

Претседателот на САД, Доналд Трамп обновените украински напади врз руската енергетска инфраструктура ги оцени како „срамни“. Тој за телевизијата „Њузмакс“ (Newsmax) истакна дека тоа е срамота и оти „има многу други можни цели“. - Мислам дека е потешко да се преговара со Зеленски отколку со Путин. Сè што прави тој е да ги зголемува светските цени на нафтата … Кога напаѓате рафинерии за дизел … не му правите никаква услуга на светот, наведе Трамп. Зеленски вчера за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека е укината забраната за напади врз руските рафинерии. Трамп пред пет дена изјави дека Москва и Киев постигнале договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура. Но, примирјето не го потврдија ниту Русија ниту Украина. - Зеленски не е вистинската личност со која би можеле да постигнеме договор. Тој вели дека сака договор, но всушност не сака. Не ми е особено симпатичен, посочи Трамп. (МИА)


