Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со „сериозна воена одмазда“ против Иран и неговите сојузници Хути кои нападнаа два саудиски танкери во Црвеното Море. Трамп рече дека ќе го смета Иран за одговорен за какви било идни напади од страна на јеменските бунтовници. Хутите објавија дека воведуваат поморска блокада врз Саудиска Арабија, која пренасочува милиони барели нафта дневно кон Црвеното Море за да ја заобиколи иранската блокада на Ормуската Теснина. Трамп вчера изјави на социјалните мрежи дека трошоците за поправка на бродовите оштетени во конфликтот ќе бидат покриени од блокираните ирански средства. Не е јасно какви правни механизми ќе користи Трамп, но тој изјави дека тоа би било „фер и праведно“. Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го осуди предлогот и на Икс напиша дека „ничиј имот нема да биде безбеден кога владите ќе ја нормализираат конфискацијата“ и дека „хаосот што ќе произлезе од тоа нема да биде ниту убав ниту мирен“.


