Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД. За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“, објави Скај Њуз. САД, потенцира тој, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската Теснина. „Ако некој треба да собира патарини, тоа ќе бидеме ние. Имаме целосна контрола. Имаме нешто што се нарекува блокада, челичниот ѕид на САД“, рече Трамп. Тој додаде дека се обидува на Иран да му ја даде секоја шанса за преговарање „пред да ги обезглави“. „Мислам дека можеме да добиеме нешто. Сакам да им ја дадам секоја шанса пред да им ги отсечат главите. Многу сум горд на фактот што ќе им дадам шанса на луѓето“, рече Трамп. Претходно вчера Трамп рече дека без разлика дали Иран сака да го признае тоа или не, САД всушност работат на решавање на проблемите што Техеран…
Povezane vijesti
PALA UKRAJINSKA ODBRANA OD DRONOVA: Mask se obratio Trampu da uspori Starlink u Ukrajini

СТРЕСОТ КАКО НАЈЛОШ ПРИЈАТЕЛ НА ЧОВЕКОТ - Кога животот ќе излезе од колосек
