Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го обвини Иран дека се обидува да ја зголеми цената на нафтата на светските берзи пред средорочните избори во САД. - Иран прави сè што може за да ја зголеми цената на нафтата пред изборите за Конгресот на САД. Тие дури измислуваат лажни напади, мини и сè друго, иако сега низ Ормуска Теснина поминува повеќе нафта отколку што поминуваше дури и пред почетокот на конфликтот, објави Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social). Тој исто така ги обвини иранските власти дека продолжуваат да убиваат демонстранти и други противници на режимот. Според него, 75.000 демонстранти се убиени за помалку од седум месеци. Трамп го повтори својот став дека Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје. - Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје и никогаш нема да го има, наведе Трамп. МИА
Povezane vijesti
"IRAN ČINI SVE ŠTO MOŽE DA PODIGNE CENU NAFTE" Tramp: "Nadam se da svi razumeju koliko su oni ZLI"

Иран подготвува нова стратегија за напади врз танкери: Целта е да се задржат високите цени на нафтата пред изборите во САД
