klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трамп и Путин телефонски разговараа по повод 250 години од независноста на САД

Трамп и Путин телефонски разговараа по повод 250 години од независноста на САД
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·05. 07. 2026. 08:39:55

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа телефонски разговараше со својот американски колега Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД, соопшти Кремљ, појаснувајќи дека двајцата лидери разговарале за ситуацијата во Украина пред самитот на НАТО во Анкара. „Претседателите природно го допреа прашањето за решавање на конфликтот во Украина, земајќи го предвид претстојното учество на Доналд Трамп на самитот на НАТО во Турција на 7 и 8 јули“, изјави дипломатскиот советник на Кремљ, Јуриј Ушаков, пренсен од руските медиуми. „Американскиот претседател уште еднаш ја потврди својата подготвеност да работи на брзо завршување на борбите и наоѓање решение за надминување на кризата“, рече Ушаков. Тој додаде дека Русија се стреми кон „политичко-дипломатско решение на конфликтот“. Ушаков рече дека Трамп и Путин за време на разговорот од еден час и 25 минути разговарале и за други меѓународни теми, како што се ситуацијата околу Иран и Блискиот Исток.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti