klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трамп го обвини иранското раководство за лицемерно

Трамп го обвини иранското раководство за лицемерно
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·03. 08. 2026. 18:22:31

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека иранското раководство е „неверојатно лицемерно“. Неговата објава на „Трут соушл“ уследи откако Техеран демантираше дека денеска ќе се одржи нов круг разговори со ирански претставници за завршување на војната. Трамп наведе дека поради планираната средба ги откажал нападите врз Иран. - Иранското раководство е неверојатно лицемерно. Тие бараат средба, некои дури би рекле и дека молат за неа. Разговорите почнуваат, веќе се закажани нови, а потоа тие отворено и гордо тврдат дека не водат никакви дискусии, дека за ништо не се преговара и дека работат само со Оман, објави Трамп на сопствената мрежа. Тој исто така наведе и дека блокадата нема да биде укината освен ако САД и Иран не постигнат договор или Техеран не се предаде. Трамп тврди дека се во тек преговори и оти а американската морнарица ја контролира Ормуска Теснина сè до постигнување договор или целосна капитулација на Иран. Претходно, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи изјави дека нема никакви преговори ниту закажани состаноци со САД. Тој наведе дека Иран следните денови не планира да прими странски делегации ниту да ги испрати своите преговарачи во странство. - Единствени преговори кои се во тек се со Оман…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti