klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трајков: Проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност и стратешки приоритет за Македонија

Трајков: Проширувањето на ЕУ е геополитичка неопходност и стратешки приоритет за Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·14. 07. 2026. 08:40:01

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков е во работна посета на Брисел. Синоќа, на тркалезната маса организирана со учесници на високо ниво од Фондацијата Кондрад Аденауер- Канцеларија за Европа во Брисел, заменик-министерката Трајков истакна дека проширувањето на Европската Унија денес претставува геополитичка неопходност и еден од најважните стратешки инструменти на Унијата. „За Македонија европската интеграција останува највисок стратешки приоритет, а Реформската агенда е во срцето на владините политики. Реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економското управување, дигиталната трансформација и институционалната транспарентност се инвестиција во иднината на државата и во подобри услови за граѓаните” истакна Трајков. Заменик-министерката за европски прашања подвлече дека процесот на проширување мора да остане кредибилен, заснован на заслуги и предвидлив, при што и кандидатките земји и Европската Унија треба доследно да ги исполнуваат своите обврски. Според неа, стабилен, демократски и просперитетен Западен Балкан значи посилна и побезбедна Европска Унија. На настанот свои видувања имаа и државниот министер за Европа во Сојузното министерство за надворешни работи на Германија, Гинтер Крихбаум, германскиот европратеник Михаел Гахлер и член на Комитетот за надворешни работи на Европарламентот. Трајков потсети дека Македонија е сигурен сојузник во НАТО, целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и посветена на регионалната…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti