klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Трајков на средба со словенечкиот амбасадор: Реформската агенда е важен чекор кон европските стандарди

Трајков на средба со словенечкиот амбасадор: Реформската агенда е важен чекор кон европските стандарди
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·15. 10. 2026. 09:56:38

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж. Во фокусот на разговорот беа спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027, реализираните реформи и активностите на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди. Трајков ги презентираше досегашните резултати и приоритетите за наредниот период, истакнувајќи ја важноста на координацијата меѓу институциите, доследното спроведување на реформите и следењето на постигнатите резултати. На средбата беше разменето мислење и за значењето на словенечката поддршка и искуство во процесот на европска интеграција. Соговорниците ја истакнаа важноста на континуираниот дијалог и соработката во насока на унапредување на реформските процеси и приближување на нашата земја кон Европската Унија.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti