Трајко не чувствувал вина: Адвокатот на обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане го откажа полномошното, судењето одложено

Основниот суд во Куманово денеска ја одложи главната расправа против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени, откако обвинетиот не се изјасни за виновен по обвинението, а неговиот бранител го откажа полномошното. Бранителот на обвинетиот Бојковски (25) го откажа полномошното, по што судот оцени дека на обвинетиот треба да му биде назначен бранител по службена должност. Одбраната побара и сослушување на двајца сведоци. Поради новонастанатите околности, судот донесе решение главната расправа да биде одложена. -Со оглед дека обвинетиот не го прифати мојот совет, како бранител го откажувам моето полномошно согласно член 76 став 7 од Законот за кривична постапка и согласно истиот член став 5 предлагам на судот да му биде определен бранител по службена должност со цел заштита на неговите права и интереси, рече адвокатот Драган Трајковиќ. Предметот го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од ОЈО Куманово. https://kurir.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-kje-dokazhuva-deka-motivot-bila-nekrofilija-bojkovski-penetriral-vo-zhenite-otkako-gi-ubival/


