klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце – најтешката и најсложена делница од 10,5 км ќе има 5 тунели и 8 мостови

Трајановски: Почна изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце – најтешката и најсложена делница од 10,5 км ќе има 5 тунели и 8 мостови
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·26. 08. 2026. 09:29:55

Стартуваа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километри автопат во близина на ГП „Блаце“. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 мостови, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје. Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) - главен носител на проектот, посочи дека денеска се поставува камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат кој на мало растојание од само 10,5 километри ќе има бројни тунели, вијадукти, мостови, галерии на комплексен ридско-планински терен кој ќе биде предизвик и за проектантите и изведувачите. - Денес не поставуваме само камен-темелник на еден автопат, туку поставуваме темел за побрза, побезбедна и посилно поврзана Македонија со соседите, регионот и Европа. Со отпочнувањето на изградбата на автопатот Скопје–Блаце, од клучката Стенковец до граничниот премин Блаце, во должина од околу 10,5 километри, правиме значаен исчекор кон заокружување на оваа стратешка регионална врска. Со изборот на „Гранит“ за изведувач се создадоа конкретни услови за поставување на овој камен-темелник. Оваа инвестиција е особено значајна затоа што не поврзува со пристаништето во Драч, со Албанија…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti