Трајановски: Ќе се запази рокот за автопатот Кичево-Охрид

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се запази, во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември на делницата Кичево - Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. - На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година откако дојде новата Влада македонската јавност и сите кои патуваат видоа дека има голем напредок. Од 57 километри, 37-38 километри се пуштени, а за останатите делови интензивно се работи. Очекуваме на крајот на октомври да го пуштиме делот од Извор да се качиме на автопатот и преку тунелот до Врбјани (од Врбјани до Ботун веќе е автопатско решение) а следната година во мај очекуваме да биде запазен рокот. Има динамика за тоа со третиот кредит што го зеде ЈПДП. Има добар динамички план. Веќе се гледаат работите при крајот, се гледаат работите што не беа предвидени како нови технички решенија за галериите. И денеска сите инволвирани - изведувачи, проектанти, надзор, имавме состанок кај вицепремиерот, така што тој рок останува - рече Трајановски во гостување во Тема на денот на ТВ Сител. За изградбата на Кичево-Охрид досега се земени три заеми и како што рече, вкупно ќе чини околу 800…