klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трагичната илинденска рапсодија на Питу Гули, на вљубените Злата и Цветко и на денешните Македонци

Трагичната илинденска рапсодија на Питу Гули, на вљубените Злата и Цветко и на денешните Македонци
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дарко Јаневски·02. 08. 2026. 15:14:01

Востанието почнало, а селаните муслимани од некое село близу Крушево избегале. Селото останало празно. Питу влегол, зел брашно и сирење и со натоварените коњи отишол кон гладното Крушево да ја подели храната. Мајка му и жена му Евгенија побарале за нив, и за нивните деца, децата на Питу. Тој рекол – не може! Па зар ова не се твои деца, зар јас не сум твоја мајка, зар ова не е твојата жена, го прашала мајка му. Не, мојата мајка е Македонија, рекол Питу. И ја поделил храната на крушевчани. За потоа да отиде да загине. Знаел дека тоа ќе се случи, дека децата ќе му останат сираци. Затоа им рекол на неговите четници дека ги ослободува од обврската да се борат. И да умрат за Македонија. Не знам колкумина го послушале. Веројатно ниту еден. И сите загинале. Злата и Цветко ги оставиле своите тела на Слива. Меѓу 40-те востаници. Се бореле неколку часа. И ги задржале четите на Бахтијар паша. За тие неколку часа, колку што самоосудените на смрт се бореле, голем број крушевчани успеале да избегаат. И така да се спасат од крвавата одмазда на Бахтијар паша. Денес има стотици нивни потомци, кои едноставно не би постоеле да не…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti