Трагедија во светот на спортот: Почина легендарниот Даниел Кастељани

Аргентинската одбојка го загуби еден од своите најголеми симболи. Даниел Кастелани почина во четврток, 25 јуни, на 65-годишна возраст, по долга и тешка борба со болест, соопшти Аргентинската одбојкарска федерација (FEVA). Роден на 21 март 1961 година во Буенос Аирес, Кастелани остави неизбришлив белег и како играч и како тренер. Својата одбојкарска кариера ја започна со Бока Јуниорс и ГЕБА, а потоа играше за бројни клубови во Аргентина, Бразил и Италија. Беше капитен на аргентинската репрезентација од 1981 до 1988 година и ја предводеше генерацијата што го освои бронзениот медал на Светското првенство во Буенос Аирес во 1982 година, како и историскиот бронзен медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. По завршувањето на играчката кариера, со еднаков успех влезе во тренерскиот свет. Ја предводеше аргентинската машка репрезентација од 1993 до 1999 година, освојувајќи го златниот медал на Панамериканските игри во Мар дел Плата во 1995 година, а воедно го водеше тимот и до Олимписките игри во Атланта во 1996 година. Неговиот тренерски углед наскоро се прошири надвор од Аргентина. Неговиот најголем меѓународен успех дојде во 2009 година, кога го освои Европското првенство со полската репрезентација. Кастелани откри во 2023 година дека му е дијагностициран рак, кратко откако ја…


