Crna kronika Sjeverna Makedonija
Трагедија во гостиварско: 59-годишен возач загина откако со автомобил удрил во бетонски ѕид

Kurir.mk·Тале Кристо·18. 10. 2026. 14:48:00
59-годишен жител на Гостивар го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во селото Долна Бањица. Според информациите од полицијата, на 17 октомври во 22:55 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М. (59) од Гостивар, излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид. Во 23:00 часот дежурен лекар ја констатирал смртта на возачот. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


