Crna kronika Sjeverna Makedonija
ТРАГЕДИЈА ВО ГОСТИВАР: Малолетничка почина по пад од лулашка

Kurir.mk·Ивона Петрова·10. 07. 2026. 09:18:05
Четиринаесет годишно девојче почина по пад од лулашка во Гостивар. Трагедијата се случила вчера вечерта, а случајот во полиција го пријавиле од болницата каде малолетничката била донесена без знаци на живот. -На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


