klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Трагедија: Пет планинари од БиХ настрадаа на Елбрус, двајца се спасени

Трагедија: Пет планинари од БиХ настрадаа на Елбрус, двајца се спасени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·26. 07. 2026. 12:51:09

Пет планинари од Босна и Херцеговина загинаа на планината Елбрус во Русија, објавија босанските медиуми. Двајца планинари се спасени. Седумчлената планинарска експедиција била зафатена од снежна бура за време на искачувањето на Елбрус. Искачувањето започнало во поволни временски услови, но на околу 5.100 метри надморска височина, планинарите биле зафатени од снежно невреме, што довело до трагедијата. Според руските медиуми, телата на двајцата починати планинари се уште се на непристапен дел од планината и нивната евакуација ќе биде можна само кога ќе се подобрат временските услови. Еден член на групата успеал самостојно да се спушти и да побара помош, додека друг бил пронајден и евакуиран од припадници на спасувачките служби. Двајцата се медицински згрижени, се наведува во соопштението на руското Министерство за вонредни ситуации. Елбрус, кој е висок 5.642 метри, се наоѓа на Кавказ во Русија и се смета за највисока планина на европскиот континент. Иако не е меѓу технички најсложените планини за искачувања поради стандардната јужна рута, познат е по своето исклучително променливо време. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti