klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Тошковски во СВР Струмица на отворање простории за разговор со деца кои се во судир со законот

Тошковски во СВР Струмица на отворање простории за разговор со деца кои се во судир со законот
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·02. 07. 2026. 06:47:19

Во СВР Струмица денеска ќе бидат отворени простории уредени за разговор со деца кои се во судир со законот. На настанот, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обрати министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Покрај Тошковски, предвидени се обраќања и на амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, како и на шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал. На настанот ќе учествува и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Отворањето на просториите за разговор со деца кои се во судир со законот се реализира во рамки на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во нашата држава“.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti