Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање

Во Гостивар започна хиперхлорирање на водата и испирање на примарната водоводна мрежа, како дел од мерките за справување со епидемијата поради загадувањето на водоводот, информираш министерот за внатрешни работи и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски по состанокот на Централниот кризен штаб што се одржа во Гостивар. Тој повтори дека новите испитувања на земените мостри потврдиле присуство на штетни материи и загадување, што довело до здравствени проблеми кај неколку илјади гостиварци. -Преземени се технички чекори за чистење и испирање. Денес се изврши чистење на каптажата (изворот) и започна испирање на примарната мрежа. Поставен е систем за дополнително хлорирање (хиперхлорирање) на водата на самиот извор (со вредност 0,8), што е во рамки на законски дозволениот максимум и нема негативно да влијае врз здравјето на луѓето, рече Тошковски. Тошковски во изјавата по состанокот на кризниот штаб посочи дека во поглед на обезбедување на вода за граѓаните за техничка вода, досега се поставени пунктови на 11 локации, а до крајот на денот ќе има вкупно 13 локации каде што граѓаните ќе можат да земат техничка вода. Во текот на денешниот ден се доставени повеќе од 100.000 литри пакувана вода за пиење (како и…


