Тошковски: Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи остварија официјални средби со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбите беше разговарано за понатамошно унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, за јакнење на оперативната координација, размената на информации, развојот на професионалните капацитети и заедничкото справување со организираниот и транснационалниот криминал, сајбер-криминалот, тероризмот, трговијата со луѓе, илегалната миграција и финансиските истраги. Во рамки на разговорите беше потврдена и важноста од континуирано инвестирање во современи полициски капацитети, примена на нови технологии и натамошно продлабочување на партнерството со Интерпол, како еден од клучните предуслови за ефикасен одговор на современите безбедносни закани. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека посетата на генералниот секретар Уркиза претставува силна потврда за довербата што македонската полиција ја ужива во рамки на најголемата меѓународна полициска организација. „Разговаравме за унапредувањето на нашата соработка во борбата против организираниот и транснационалниот криминал, сајбер-криминалот, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и финансиските истраги, како и за понатамошното јакнење на размената на информации и оперативната координација. Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција, затоа што само…


