Тошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица – чекор кон похуман и посензитивен пристап во постапувањето со децата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Ола Солстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и претставници на институциите и проектните тимови. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека отворањето на овие простории претставува значаен чекор во унапредувањето на системот на правда за деца и воспоставувањето повисоки стандарди во постапувањето со децата кои доаѓаат во контакт со институциите. „Со отворањето на овие простории не создаваме само нов функционален простор, туку воспоставуваме повисок стандард во третманот на децата. Заедно со веќе воспоставените капацитети во СВР Битола и планираните простории во СВР Тетово и СВР Скопје, градиме систем кој ќе обезбеди еднаков, професионален и достоинствен третман на секое дете на целата територија на државата“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека новите простории ќе овозможат полициските службеници и стручните лица да постапуваат во средина прилагодена на возраста, психолошките и емоционалните потреби на…
Povezane vijesti

СВР Струмица со нов простор за разговор со деца во судир со законот

Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет
