Тошковски: Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи, тоа е работа на институциите надлежни за овие системи

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од гостиварскиот водовод, при што информира дека водата може да се користи како техничка, но не и за пиење, ниту пак за подготвување храна. Тошковски, кој е и раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, одговарајќи на новинарско прашање дали смета дека треба да се зајакне обезбедувањето на водоводот со почести полициски контроли, или пак дури и со вклучување на Армијата, нешто што предложи опозицијата, рече дека војската според него не треба да се вклучува во обезбедување на водоводни системи, особено не во мирнодопски услови. -Дали лично сметам дека војската треба да ги обезбедува водоводните системи? Не, не сметам. Тоа не е работа на Министерството за одбрана и не е работа на Армијата, барем не во мирнодопски услови. Така што секоја институција што е надлежна да се грижи за…


