Тошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка и заштита на секоја жртва

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Регионалниот експертски состанок за зајакнување на прекуграничната кривично-правна соработка и заштита на странски жртви во случаи на трговија со луѓе, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ). Во своето обраќање, министерот Тошковски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и координираното дејствување на институциите во справувањето со трговијата со луѓе, како еден од најсериозните облици на организиран криминал. Тој изрази благодарност до УНОДЦ за организацијата на состанокот, истакнувајќи дека присуството на експерти и делегации од регионот, но и од Јужна Америка, ја потврдува заедничката определба за заштита на жртвите без оглед на националните и географските граници. - Трговијата со луѓе, како глобално и општествено неприфатлив чин, не познава граници, ниту пак прави разлика меѓу луѓето врз основа на нивното потекло, припадност или убедувања. Оттаму, нашиот одговор мора да биде исто толку одлучен: организиран, сеопфатен и мултидисциплинарен, истакна Тошковски. Министерот посочи дека покрај традиционалните облици на експлоатација, криминалните мрежи развиваат и нови, сè посложени начини на злоупотреба на луѓето. Посебно внимание посвети на ризиците од трудова и сексуална експлоатација, како и на ранливоста на странските државјани кои, во потрага по подобри економски можности, можат да станат жртви…
Povezane vijesti

Савески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор

Савески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор
