Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Форумот на шефови на гранични полиции од Западен Балкан, кој во рамки на Берлинскиот процес денеска и утре се одржува во Скопје, со учество на претставници од регионот, земјите членки на Европската Унија, Обединетото Кралство, Меѓународната организација за миграции (ИОМ), како и европски, регионални и меѓународни партнери. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека миграцијата останува едно од клучните прашања на современото време, при што Западен Балкан истовремено претставува транзитен регион и значаен партнер во колективниот европски одговор на миграциските и безбедносните предизвици. - Притисоците од нерегуларните миграциски текови, експлоатацијата на ранливите категории од страна на криминалните мрежи и оптоварувањето на институциите не се предизвици ограничени на една граница, една земја или еден регион. Тие се европски и глобални. Ако навистина сакаме да изградиме заеднички европски простор на безбедност и доверба, мора да ги надминеме декларациите и да преминеме кон конкретни механизми за соработка, потенцираше Тошковски. Осврнувајќи се на значењето на Берлинскиот процес, министерот нагласи дека тој не претставува кратенка до членството во Европската Унија, туку кредибилен пат преку кој земјите од Западен Балкан ја демонстрираат својата подготвеност, одговорност и усогласеност со европските стандарди. Ефикасната соработка во областа на миграцијата…
Povezane vijesti

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

“Ќе си поднесам оставка ако врз мене има политички притисок во случајот со Манчестер Сити“!
