klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Тошковски: ЕБР е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем

Тошковски: ЕБР е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 08. 2026. 17:30:56

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ЕБР денес претставува еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем на државата, нагласувајќи дека единицата има клучна улога во справувањето со најсложените безбедносни предизвици. - Денес ЕБР е многу повеќе од организациска единица во рамките на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност. ЕБР е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем на државата. Кога ситуацијата бара брза реакција, високо ниво на подготвеност, дисциплина, координација и професионалност, припадниците на оваа единица се таму каде што се најпотребни. Во сложени полициски операции, во поддршка на други организациски единици, при обезбедување лица и објекти, при нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем, во ситуации во кои се потребни значителни полициски капацитети, но…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti