klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Тошковски: Државата ги стави во функција сите капацитети за надминување на кризата, случајот целосно ќе се расчисти и одговорност ќе има

Тошковски: Државата ги стави во функција сите капацитети за надминување на кризата, случајот целосно ќе се расчисти и одговорност ќе има
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·21. 07. 2026. 16:15:18

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски и портпаролката на Владата Марија Митева, престојуваше во Гостивар, каде беа реализирани активности за координација на институциите и преземање мерки за надминување на состојбата предизвикана од загадувањето на водоснабдителниот систем во општината. Министерот Тошковски истакна дека Владата, веднаш по препораката на Групата за проценка, донела одлука за прогласување кризна состојба на територијата на Општина Гостивар, со цел да се стават во функција сите расположливи државни механизми и експертски капацитети за што побрзо нормализирање на состојбата. „Државата се вклучи со сите свои капацитети затоа што наш приоритет е што побрзо да ја нормализираме состојбата и да обезбедиме безбедна вода за граѓаните. На терен веќе работат експертски тимови кои вршат детални анализи на водоснабдителниот систем и земаат мостри на повеќе локации. Нема да носиме избрзани заклучоци, туку ќе постапуваме исклучиво врз основа на стручните анализи и препораките на експертите“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека до целосно завршување на анализите и потврдата од надлежните институции дека водата е безбедна, граѓаните треба доследно да ги…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti