klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Топол бран до средината на следната недела

Топол бран до средината на следната недела
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·26. 06. 2026. 11:16:53

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со дожд, грмежи и засилен ветер. МИА

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti