klik.world
Lifestyle Sjeverna Makedonija

Топлотен бран: Здравствените власти со препораки за заштита од сонце

Топлотен бран: Здравствените власти со препораки за заштита од сонце
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·11. 08. 2026. 05:58:28

Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени. Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности. Сончево и топло со слаб ветер од северен правец ќе биде времето до крајот на денот. Најтопло денеска е во Демир Капија и Гевгелија каде максималната температура достигна 40 степени. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и со апел до граѓаните да не биде голема разликата меѓу климатизираните простории со надворешната температура. Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако се излегува надвор на отворено. - Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, основна и прва, е да се избегнува напорна физичка активност во текот на денот - и тоа од 11 до 17 часот. Доколку на таа температура се изложени работниците, особено оние кои работат во отворени простори, треба да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti