Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени

Тридневен топлотен бран од денеска до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми. Поради најавените екстремно високи температури, вчера заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од пожари. Според метеоролошките прогнози, највисоки температури се очекуваат утре, кога во Тесалија се предвидуваат од 40 до 41 степен, додека во областа Агринио, во Западна Грција, температурата може да достигне до 42 степени Целзиусови. Од среда се очекува постепено намалување на температурите, и тоа прво во северните делови на земјата, а од четврток и во останатиот дел од Грција.
Povezane vijesti
POLICIJA UPALA U PLAŽNE BAROVE U BUDVI: Pronađen kokain, maloletnici pili alkohol, pale i kazne
Hrvatska: Porodicama sa četvoro i više djece država će dati 15.000 eura za auto
