klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Топло ладен колач

Топло ладен колач
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·25. 07. 2026. 16:00:56

Потребни состојки: 5 јајца 250 гр чоколадо за готвење 5 лажици шеќер 65 гр путер (маргарин) 100 гр брашно Дополнително топка сладолед вкус по желба Начин на подготовка: Во еден сад ставете ги чоколадото и путерот да се растопат на тивок оган и мешувајте непрекинато за смесата побрзо да се соедини. Откако ќе се рас­топи, садот се трга од шпо­ре­тот и се остава сме­сата да се излади. Во друг сад со миксер изматете ги јајцата со шеќерот. Потребно е јај­цата малку да се изма­тат, одно­сно да бидат пене­сти, шеќерот додека да се растопи. Смесата со чоколадото додајте ја во садот со јајцата. Сите состојки потоа се мешаат со жица за матење, откако ќе се соединат се додава брашното постепено со постојано мешање. На кра­јот, треба да се добие густа и хомо­гена чоко­ладна смеса. Кала­пите се мач­каат со путер и се посипуваат со брашно пред да се истури смесата во нив. Смесата распоредете ја подеднакво во сите 8 калапи. Ставте ги да се печат на претходно загреана рерна од 250С од 7-10 мин. Послужете го на чинија уште додека е топал и до него ставте една топка сладолед, по што го добил и само име топло ладен колач. Добар апетит....

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti