Svijet Sjeverna Makedonija
Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени

Kurir.mk·Максим Крстески·03. 08. 2026. 07:02:36
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде топло и ветровито. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Топлиот бран од југ ќе продолжи до крајот на неделата кога дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


