Томовски: Воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила придонесе за 70 процентно намалување на злоупотребите

Во „Тема на денот“ на МРТ гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој говореше за активностите на институцијата насочени кон модернизација на возниот парк, намалување на злоупотребите на службените возила и регулирање на статусот на државниот имот. Осврнувајќи се на воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила, Томовски оцени дека мерката дала видливи резултати. Според него, воведувањето на обоените регистарски таблички за службените возила придонело за околу 70 проценти намалување на злоупотребите. „Искрено, задоволен сум, можам да кажам дека едно 70% е искоренета онаа злоупотреба. Сигурен сум дека ја има, повторно, некаде некои од пониските ешалони кои што сакаат да ги злоупотребат тие, меѓутоа се надевам дека граѓаните се доволно свесни, разумни, можат да сликаат, можат да пријават на телефонскиот број и на мејл адресата каде што ги имаме објавено од службата и ние да ги споделиме со вас медиумите, па ете ако не разбрале како треба да се однесуваат со државниот имот и сопственоста на народот, тогаш да им покажеме на дело“, рече Томовски. Тој најави дека СОЗР започнува и пилот-проект за набавка на три електрични возила, кои ќе ги користат курирските служби за достава на документација меѓу…


