klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Томовски: Од денеска во Гостивар ќе се доставуваат околу 50 илјади литри вода, во фокусот на Владата останува здравјето на граѓаните

Томовски: Од денеска во Гостивар ќе се доставуваат околу 50 илјади литри вода, во фокусот на Владата останува здравјето на граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·19. 07. 2026. 17:00:54

Владата будно ја следи состојбата со водоснабдувањето и проблемот што се случува во Гостивар изминативе денови, при што утврдивме дека на граѓаните на Гостивар им е потребна питка вода за пиење и заклучно од денеска и во наредните денови, колку што е потребно, во Гостивар ќе се доставуваат околу 50 илјади литри вода за граѓаните, изјави денеска директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски од Гостивар. Тој информира дека водата ќе биде распоредена на неколку пунктови, 6 или 7, а можеби и повеќе, во зависност од потребите, со цел да не се создава метеж на топлото време. -Како што кажав, ќе ги следиме препораките од надлежните институции. Апелирам до Гостиварчани и луѓето кои живеат и работат во Гостивар да ги следат препораките на инстиуциите од меродавни достапни институции и медиуми и да не слушаат разни гласини за да можеме да ја заштитиме безбедноста на граѓаните. Во фокусот на Владата останува здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Томовски. Од Владата претходно за МИА брифираа дека е донесена одлука од денеска и во наредните неколку дена интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti