Токио загрижен поради кинеската воена вежба во близина на јапонскиот брег

Јапонија испрати протестна нота до Кина поради нејзините воени вежби со боева муниција во нејзината ексклузивна економска зона. Јапонската армија тврди дека во кинеската воена вежба, што се одржа на 19 јули, учествувале и руски бродови. Воената вежба била одржана на 180 километри југозападно од островот Окинатори. Кина тврди дека Окинатори не е остров туку гребен и оти Јапонија не може да претендира дека водите околу него се дел од јапонската ексклузивна економска зона. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијанг, истакна дека Пекинг ги отфрла протестите на Токио. Инцидентот би можел да ги влоши тензичните односи помеѓу Токио и Пекинг, по минатогодишните коментари на јапонската премиерка Санае Такаичи за Тајван, што доведе до дипломатска криза.
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Nakon Wimbledona Mate Pavić stigao u Split, Šuta otkrio velike planove
