klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Тодоровиќ: Ќе се бориме секоја секунда за дресот на Македонија

Тодоровиќ: Ќе се бориме секоја секунда за дресот на Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 07. 2026. 19:47:20

Машката македонска јуниорска репрезентација М18 отпатува за Хрватска, каде од 24 јули до 2 август ќе настапи на Европското првенство од дивизијата „Б“. На шампионатот, кој ќе се одржи во Риека и Опатија, ќе учествуваат 22 национални селекции, а трите најдобропласирани репрезентации ќе обезбедат место во елитната дивизија „А“. Македонските јуниори се во групата „Д“, заедно со селекциите на Грузија, Шведска, Унгарија и Босна и Херцеговина. - Атмосферата во репрезентацијата е одлична, на највисоко ниво. За жал, имавме неколку повреди кои ги сменија плановите во текот на подготовките, но тоа е составен дел од спортот. Имавме доволно време да ги анализираме противниците, а целиот наш фокус е насочен кон првиот натпревар против Грузија. Одиме дуел по дуел и на секој натпревар ќе играме на победа. Тоа е наша обврска кога го носиме дресот со државниот грб. Ќе се бориме секоја секунда за Македонија, затоа што амбициите секогаш мора да бидат највисоки кога се игра за националниот тим, изјави селекторот на репрезентацијата Миодраг Тодоровиќ. Македонските млади кошаркари по дуелот со Грузија, во второто коло за противник ја имаат Босна и Херцеговина, а во третото коло ривал е Унгарија. По двата дена пауза (еден слободен ден) последен ривал во групата ни е…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti