klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Тодоровиќ: Ќе се бориме секоја секунда за дресот на Македонија

Тодоровиќ: Ќе се бориме секоја секунда за дресот на Македонија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·24. 07. 2026. 08:53:17

Машката јуниорска репрезентација за кошаркари до 18 години отпатува за Хрватска, каде што од денеска до 2 август ќе настапи на Европското првенство (ЕП), дивизијата Б, во Риека и Опатија. Ќе учествуваат 22 селекции, а трите првопласирани ќе обезбедат место во елитната дивизија А. – Атмосферата во репрезентацијата е одлична, на највисоко ниво. За жал, имавме неколку повреди, кои ги сменија плановите во текот на подготовките, но тоа е составен дел од спортот. Имавме доволно време да ги анализираме противниците, а целиот наш фокус е насочен кон првиот натпревар со Грузија. Одиме меч по меч и на секој ќе играме на победа. Тоа е наша обврска кога го носиме дресот со државниот грб. Ќе се бориме секоја секунда за Македонија, затоа што амбициите секогаш мора да бидат највисоки кога се игра за националниот тим – изјави Миодраг Тодоровиќ, селектор на македонската јуниорска репрезентација, пренесе Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ). Црвено-жолтите надежи се во групата Д, заедно со Грузија, Шведска, Унгарија и со БиХ. Подготовките за ЕП траеја еден месец, а беа одиграни два контролни меча со Бугарија и еден со Косово. Селекциите на ЕП 2026 дивизија Б се поделени во четири групи, од кои првопласираните две од секоја група ќе…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti