„Тоа беа најдолгите десет секунди во мојата кариера“: Судијата на финалето Аргентина – Франција откри како го доживеал мечот

Шимон Марчињак, судијата кој го водеше историското финале на Светското првенство 2022 меѓу Аргентина и Франција, првпат детално проговори за натпреварот што многумина го сметаат за најдобро финале во историјата на фудбалот. Во извадок од книгата The Impossible Job на Вилијам Ралстон, полскиот арбитар открива како изгледале подготовките, најтешките моменти на теренот и чувствата по последниот свиреж. „Само да не го расипеме ова“ Неколку минути пред почетокот на финалето на стадионот „Лусаил“ во Катар, Марчињак ги погледнал своите помошници Павел Соколницки и Томаш Листкјевич и им рекол: „Господа, само да не го расипеме ова.“ Тој, неговите помошници и ВАР-судијата Томаш Квјатковски дознале дека ќе го судат финалето само три дена претходно. Речиси и не спиеле. Аналитичарите детално ги подготвиле за играта на Аргентина и Франција, а за да го намалат притисокот одлучиле играчите да ги ословуваат со броевите на дресовите, а не со нивните имиња. Првата голема пресуда уште во втората минута Веќе во втората минута Родриго Де Пол грубо стартуваше врз Адриен Рабио. Марчињак размислувал за жолт картон, но решил да не го покаже. „Да покажев жолт картон толку рано за ваков старт, ќе поставев критериум што ќе морав да го следам до крајот на натпреварот. Не сакав финалето…


