klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ТИТАН Усје: Јавниот дијалог со сите засегнати страни е важен дел од процесот за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола

ТИТАН Усје: Јавниот дијалог со сите засегнати страни е важен дел од процесот за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·03. 07. 2026. 20:41:36

Денеска, во рамките на законската постапка, се одржа јавна расправа за продолжување на А–интегрираната еколошка дозвола на ТИТАН Усје. Во рамките на јавната расправа, ТИТАН Усје ги презентираше информациите за своето работење, примената на најдобрите достапни практики и активностите што компанијата ги презема за заштита на животната средина. Јавната расправа претставува важен дел од законската процедура и можност сите заинтересирани страни да ги изнесат своите ставови, прашања и забелешки. ТИТАН Усје го поздравува учеството на јавноста и верува дека аргументиран дијалог и размената на информации се најдобар начин за градење доверба. Во март годинава ТИТАН Усје до Министерството за животна средина и просторно планирање ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола, која е во согласност со важечките законските и подзаконските акти. Компанијата доследно, навремено и транспарентно ги спроведе сите постапки и активности предвидени со процедурата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола. Апликацијата е јавно достапна и ставена на увид на сите заинтересирани страни. Како дополнителен чекор кон поголема транспарентност, компанијата го стави во функција новиот Усје портал за животна средина - https://envi-platform.usje.mk/mk/, преку кој јавноста ќе има пристап до дневните податоци од независниот 24-часовен мониторинг на емисиите, информации за еколошките активности, инвестициите и другите релевантни документи. Порталот овозможува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti