„Тиквешки гроздобер“ од 4 до 6 септември во Кавадарци, ова е програмата

Автомобил стар 98 години ќе биде дел од изложбата на олдтајмери, во рамки на годинашниот „Тиквешки гроздобер“, соопштија на денешната прес-конференција, посветена на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација што ќе се одржи на 4, 5 и 6 септември во Кавадарци. Организаторите најавија богата програма, што започнува со гроздоберска трпеза, па продолжува со други настани како промоција на монографија „50 години - Музеј галерија“, тајна дегустација на вино, мото-рели и таблијада, голем карневал, детски карневал, многу музика, меѓу другото и настап на „Нокаут“ и Жељко Самарџиќ. Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов потсети дека традицијата на манифестацијата е почната од 1964 година, по мотив на богот Дионис - богот на виното. - Традиционално, во изминатиот период се покажавме како одлични организатори, овозможувајќи сите заинтересирани од земјава и странство, да го видат нашиот белег, да ја видат нашата традиција и да видат што е и како функционира „Тиквешкиот гроздобер“ - истакна Рамов. Од буџетот на Општина Кавадарци за оваа културна манифестација, „Тиквешки гроздобер“, се издвојуваат 6 милиони денари. - Морам да признаам дека за самата реализација на „Тиквешкиот гроздобер“ во целиот габарит со сите форми и содржини, севкупната вредност изнесува околу 11 до 12 милиони денари, од кои 5 до…
Povezane vijesti

ЕК издвојува речиси 170 милиони евра за производство на ракети, беспилотни летала и муниција

U Rusiji tražili medvjeda koji ne postoji. Žena ga napravila pomoću ChatGPT-a
