ТФТ, Маџари и Чаир без право за настап во новата сезона

Во рамките на процесот на лиценцирање за натпреварувачката сезона 2026/2027, Кошаркарската федерација на Македонија за првпат воведе систем на лиценцирање кој, покрај организациските и техничките критериуми, предвидува и задолжително исполнување на критериумите за финансиска дисциплина. Сите клубови беа навремено и писмено информирани за условите, роковите и обврските кои произлегуваат од Правилникот за лиценцирање. Дополнително, федерацијата обезбеди повеќе поволности и олеснувања со цел клубовите да можат навремено да ги регулираат своите обврски. Крајниот рок за исполнување на финансиските критериуми беше 15 јули 2026 година. За жал, и покрај обезбеденото време, укажувањата и можностите што им беа ставени на располагање, три клуба не ги исполнија предвидените финансиски услови во утврдениот рок: – КК ТФТ – Скопје – КК Маџари – Скопје – КК Чаир – Скопје Поради тоа, а имајќи ја предвид обврската за еднаква примена на правилата кон сите учесници во натпреварувањето, Кошаркарската федерација на Македонија не е во можност да им издаде лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/2027. Оваа одлука не е насочена против ниту еден клуб, туку претставува доследна примена на Правилникот за лиценцирање и принципите на финансиска одговорност и еднаков третман на сите клубови. Само со почитување на правилата, финансиска дисциплина и еднаков однос кон сите можеме…


