Crna kronika Sjeverna Makedonija
Тетовец тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил на ногата со автомобил

Kurir.mk·Ивона Петрова·27. 07. 2026. 13:14:03
Од тетовскиот Клинички центар во Секторот за внатрешни работи - Тетово синоќа во 20:30 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 27-годишниот М.З. од овој град. - Во разговор со полициски службеници, тој изјавил дека околу 19 часот во нивниот двор, неговиот чичко С.З., на возраст од 61 година од Тетово, ненамерно го прегазил на ногата со патничко возило, што го управувал наназад, при што се здобил со повредите. М.З. побарал да не се поднесува пријава затоа што било несреќен случај. Полициски службеници излегле на местото - соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


