klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Технички дефект го наруши авиосообраќајот во Италија

Технички дефект го наруши авиосообраќајот во Италија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 09:11:09

Во Италија поради технички дефект на системот за контрола на летот доцнат и се откажуваат летовите. Италијанската управа за авиосообраќај (ЕНАВ) соопшти дека дефектот не е злонамерно предизвикан. ЕНАВ посочи и дека вовела привремени ограничувања на капацитетите на авиосообраќај откако синоќа регистрирани се аномалии на мрежата за пренесување на податоци, која ги поддржува услугите на контролата на лет. Компанија АДР, која управува со римските аеродроми соопшти дека „поради техничките проблеми во системот за контрола на летот на национално ниво можно е доцнење и откажување на летовите. Компанијата СЕА, која управува со аеродромите во Милано, објави слично соопштение. - Изворот на проблемот е идентификуван, а во тек се напори за повторно воспоставување на системот, се наведува во соопштението на ЕНАВ.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti