klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Тебас: ФИФА го уништува фудбалот, Инфантино треба да си замине

Тебас: ФИФА го уништува фудбалот, Инфантино треба да си замине
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·21. 07. 2026. 10:24:26

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, упати жестоки критики кон ФИФА и нејзиниот прв човек Џани Инфантино, обвинувајќи ја светската фудбалска организација дека носи самоволни одлуки, го оптоварува календарот и постепено ја уништува фудбалската индустрија. Во интервју за италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“, Тебас зборуваше за успехот на шпанскиот фудбал, триумфот на репрезентацијата на Светското првенство, но и за спорните потези на ФИФА за време на турнирот. Тој оцени дека силата на шпанскиот фудбал се темели на заедничката и долгорочна работа на клубовите, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација. „Тајната е во заедничката работа. Клубовите во последните години максимално ги развиваа своите младински школи. Ла Лига е силно, квалитетно и одржливо натпреварување, кое во репрезентацијата даде 17 од 26-те повикани фудбалери. Федерацијата, пак, знае како да го препознае и развива домашниот талент“, изјави Тебас. Де ла Фуенте е производ на шпанскиот систем Претседателот на Ла Лига посебно го истакна придонесот на селекторот Луис де ла Фуенте, кој во шпанската федерација работи од 2013 година. Де ла Фуенте почна со младинските категории, а до светската титула стигна со десетмина фудбалери со кои претходно работел во помладите репрезентации. „Во фудбалот често сите се опседнати со големите имиња, но разликата ја…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti