Тебас брутално му возврати на Реал Мадрид

Само неколку часа откако навивачите на Реал Мадрид развиорија огромен транспарент на „Сантијаго Бернабеу“ со пораката „Ова не е фудбал, ова се Тебас и Негреира“ за време на мечот со Севиља, пристигна жесток контра-удар. Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, не остана покус и преку социјалните мрежи испрати директна и остра порака до раководството на „Кралевите“, обвинувајќи ги за опасни манипулации и цртање мета на неговото чело. Тебас во своето опширно обраќање потсети на неговата изјава од пред два дена, кога го обвини клубот дека користи новинари како сопствени мегафони за ширење пропаганда. Реал тогаш се бранеше дека не сноси одговорност за ставовите на „независните новинари“. „Ми беа доволни само два дена за фактите да покажат дека сум во право,“ напиша Тебас. „Денеска клубската телевизија повторно удри по мене, а нивната навивачка трибина, која е целосно координирана и надгледувана од самиот клуб, развиори транспарент. Дали и ова ќе го објаснат како туѓо мислење надвор од клубот? Совпаѓањето со наративот кој претходно го посочив е очигледно.“ Она што најмногу го загрижува првиот човек на шпанскиот фудбал е создавањето на вештачка омраза меѓу навивачите кон конкретни поединци. Тој откри и шокантна закана која претходно му била упатена. „Има нешто што е особено…


