klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Танкер удри во близина на Ормутскиот теснец, соопшти британската поморска канцеларија

Танкер удри во близина на Ормутскиот теснец, соопшти британската поморска канцеларија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·07. 07. 2026. 06:40:26

Неидентификуван проектил погоди танкер во Ормуската Теснина, соопшти синоќа британскиот центар за Поморски безбедносни и трговски операции (УКМТО). Ударот предизвикал пожар, но нема повредени, соопшти британската служба, која обезбедува 24-часовен мониторинг и предупредувања за закани и итни случаи на глобалните бродски рути. УКМТО го лоцираше инцидентот на 8 наутички милји (14 километри) источно од Лимах во Оман и издаде препорака до бродовите да минуваат со зголемена претпазливост, пренесе ДПА. По почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари, Техеран во голема мера го блокираше овој витален транспортен коридор преку закани и напади на почетокот на март. САД одговорија со сопствена поморска блокада на бродовите кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа. Иран и САД минатиот месец се договорија за привремен прекин на непријателствата и укинување на блокадите, меѓутоа, бродскиот сообраќај низ теснецот и понатаму останува ограничен.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti