klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Таневски: По свадба тапани

Таневски: По свадба тапани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·28. 07. 2026. 07:36:00

Кога во 1991 година Бугарија прва ја призна македонската независност, имаше колосална шанса да стане предводник на процесите што потоа неминовно следуваа, но водена од романтичарските соништа неповратно ја пропушти таа шанса. Не може некој да има лидерски аспирации во регионот, а притоа да не признава народ, јазик, историја и култура на друг народ, тоа е несвојствено за 20 век, кој тогаш беше пред својот крај, уште помалку за 21 век. Колку и да прави обиди да се прикаже во едно поинакво светло, вистината е една, дека официјална Софија никогаш не еволуираше во политиките кон Македонија од 19 век, а токму тоа ја стави во позиција да биде тргната настрана од сите процеси во регионот што значеа некаква предводничка улога на Балканот, анализира Сашо Таневски за НОВА МАКЕДОНИЈА. А толку малку требаше. Признавањето можеше да биде комплетно и на тој начин да се стави точка на историските разлики и минатото да остане зад нас. Во тоа време она што на двете земји им беше потребно беа заеднички настап и заеднички пат кон она што значи членство во ЕУ и НАТО. Нема никаква дилема дека ако се случеше тоа тогаш, Македонија ќе беше дел од ЕУ многу порано, а двете земји…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti