Таневски: Кога спортот потсетува дека правото не смее да биде привилегија на силните

Има моменти кога спортот престанува да биде само игра и станува огледало на светската политика. Транспарентот што аргентинските фудбалери го развија по полуфиналниот натпревар со Англија, со пораката дека Фолкландските Острови се аргентински, го покажа токму тоа. За едни беше политичка провокација, за други потсетување дека постојат историски прашања што не исчезнуваат само затоа што минало време. Аргентина уште еднаш покажа дека не се откажува од својата национална позиција, без разлика дали тоа ќе го направи преку дипломатијата, преку политичките институции или преку симболиката на спортските терени. Светското првенство, кое го следат милијарди луѓе низ светот, стана место каде што повторно беше отворено едно старо меѓународно прашање, анализира Сашо Таневски за НОВА МАКЕДОНИЈА. Токму тука се отвора и една поширока дилема, која не е важна само за Аргентина. Дали малите држави, во кои секако е и Македонија, имаат право да ги интернационализираат своите национални прашања кога чувствуваат дека се соочуваат со неправда? Или тоа право им припаѓа само на големите сили? Одговорот би требало да биде едноставен. Ако меѓународното право навистина е универзално, тогаш не може да постојат привилегирани држави и привилегирани вистини. Во спротивно, светскиот поредок станува систем во кој големината ја заменува правдата, а таквите практики само ќе…


