Тамара Грујеска ја освојува публиката со новата песна „Нема да бегам“

Еден од највпечатливите млади вокали на македонската музичка сцена, Тамара Грујеска, пристигнува со нов музички проект кој носи силна емоција, врвна продукција и порака што останува долго по првото слушање. „Нема да бегам“ е новата песна на Тамара – композиција која ја покажува нејзината зрелост како изведувач и нејзината желба преку музиката да раскажува искрени приказни. Со моќен вокал, модерна продукција и впечатлив видео запис, песната претставува ново поглавје во нејзината музичка кариера. Зад оваа музичка приказна стои тим од докажани професионалци. Музиката и аранжманот ги потпишува Роберт Билбилов, кој е и музички продуцент на песната, додека текстот е дело на Тања Соколовска. Тамара дополнително ја збогатува песната со своите придружни вокали, давајќи ѝ препознатлива емоција и карактер. Песната е реализирана во Just RB Production, со микс и мастеринг од истиот продукциски тим, создавајќи модерен звук кој успешно ги спојува емоцијата и современата музичка естетика. За визуелниот дел е заслужен Melem Production, а официјалниот видео запис е режиран од Огнен Шапковски. Преку силни сцени, динамична приказна и внимателно изработени детали, видеото ја доловува енергијата на песната и ја претвора во вистинско аудиовизуелно доживување. Во создавањето на видео записот учествуваше голем професионален тим: 🎬 Режија: Огнен Шапковски 📹 Директор на фотографија…


