Талибанскиот лидер ја ограничи употребата на паметни телефони за авганистанските функционери

Талибанскиот лидер на 15 јуни издал упатство со кое се забранува употребата на паметни телефони од страна на авганистанските функционери, вклучително и оние во образовните и здравствените установи, соопшти Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан-УНИМА (UNAMA) во денеска објавениот квартален извештај, јави ДПА. Во упатството се наведува дека употребата на паметни телефони е казнива со прекин на работниот однос и покренување судска постапка, се додава во извештајот на УНИМА. Некои талибански оддели го протолкувале упатството како забрана за употреба на паметни телефони во канцелариите, додека други го протолкувале како целосна забрана за поседување лични паметни телефони. Паметните телефони на вработените во некои канцеларии биле конфискувани и уништени, се наведува во извештајот. Сепак, портпаролите на талибанската Влада продолжуваат да ги користат социјалните медиуми за да известуваат за дневните активности на нивните соодветни администрации. Нема извештаи за ограничувања за употреба на компјутери, што останува дозволено, пренесува германската агенција. Исто така, не е јасно дали директивата се однесува на сите авганистански функционери или само на талибанските безбедносни сили. Првично беше објавено дека директивата ја објавил воениот заменик на Врховниот суд. По извештаите за забраната кон средината на јуни, на социјалните медиуми кружеа видеа на кои се гледаат талибанци како ги кршат…


